Граѓаните со најголема доверба во претседателот, најмала во Катастарот
Според најновото истражување на агенцијата Фактор плус, граѓаните најмногу и веруваат на институцијата претседател на Република Србија, а најмалку на Републичкиот геодетски завод, јавија белградските медиуми.
Доверба во претседателот на Србија имаат 55 отсто анкетирани, Владата на Република Србија 29%, армијата 31%, полицијата 32’, Собранието на Република Србија 22’, Народната банка на Србија 38%, здравствениот систем 30%… додека најмал број граѓани имаат доверба во Републичкиот катастар, само 18 отсто.
Истражувањето е спроведено врз примерок од 2.000 испитаници, а покрај истражувањето на ставовите за довербата на граѓаните во институциите, истражувањето ги носи и најновите податоци за рејтингот на партиите, каде СНС е на прво место со рејтинг од 46,8 отсто. зш/