(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Германија: Порој пробива ограда на автопат


Југот на Германија беше погоден од обилни врнежи во последните денови, кои предизвикаа катастрофални поплави.

Многу области беа принудени да го евакуираат населението, а беа регистрирани и човечки жртви. На места блокиран е патниот и железничкиот сообраќај.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа кои ги покажуваат размерите на оваа природна катастрофа.

Видео од корисник на мрежата X стана вирално, прикажувајќи дел од автопатот во близина на Штутгарт каде што беше избегната катастрофа.

Back to top button
Close