ВИДЕО: КФОР ги извлече опколените косовски специјалци. Демонстрантите најавија нови протести рано наутро

И попладнето на северот на Косово мина тензично и со судири во кои според српските медиуми во Звечан има над 50 повредени локални жители, меѓу кои и еден ранет за кого во болницата во северна Косовска Митровица соопштија дека е животно загрозен.

Има повредени и меѓу припадниците на КФОР кои во Звечан првин со преговори, а потоа и со полициски техники (влечење, солзавец и гумени куршуми) се обидоа да ги отстранат блокадите на локалните Срби кои со жив штит се обидоа да ги спречат да пристигнат на работа новоизбраните градоначалници-Албанци во општините со мнозинско српако население.

КФОР распореди свои сили, а имаше ангажирано и хеликоптер на небото над Звечан. Нивната мисија беше да ги “ослободат” припадниците на косовските специјални сили РОСУ кои беа заглавени во неколку оклопни возила со кои денеска стигнале во Звечан за да асистираат новиот градоначалник мирно да ја преземе функцијата.

Демонстрантите Срби ги блокирале возилата и специјалците останаа внатре речиси цел ден. Едно од нивните возила беше испишано со српакиот симбол 4С, а на друго беше ставенп српско знаме, објави Танјуг.

КФОР беше повикан да интервенира о да ја смири тензијата. Почна да преговара со демонстрантите за да бидат пропуштени косовските специјалци, но според веб медиумот КосСев, насобраните Срби барале сите косовски полицајци да си заминат од општината.

Демонстрантите Срби ги блокирале возилата и специјалците останаа внатре речиси цел ден. Едно од нивните возила беше испишано со српакиот симбол 4С, а на друго беше ставено српско знаме, објави Танјуг.

КФОР беше повикан да интервенира о да ја смири тензијата. Почна да преговара со демонстрантите за да бидат пропуштени косовските специјалци, но според веб медиумот КосСев, насобраните Срби барале сите коаовски полицајци да си заминат од општината.

 

Откако овие “улични” преговори не успеале силите на КФОР се обиделе да ги потиснат Србите, но тие седнале на земја. Тогаш, спореџ Танјуг, војниците на КФОР се обиделе да ги извлечат седнатите демонстранти, но тие почнале да ги гаѓаат со камења.

КФОР возвратил со потиснување но и со, како што тврдат српските медиуми, шок бомби и гумени куршуми

Демонстрантите биле растурени по што се извлечени косовските специјалци од оклопните возила

Битката” во Звечан заврши попладнево по што тензиите се смирија, а демонстрантите преку српските медиуми порачуваат дека и утре во 7 наутро ќе се соберат пред општина Звечан.

Повредени се 53 демонстранти и десетина припадници на КФОР. Кпсовските медиуми објавија дека возила на два медиума од Приштина биле оштетени и испишани ао графити од локалното српако население. Еден известувач за медиум од Белград бил повреден со гумен куршум.

Извор: телма

Back to top button
Close