(ВИДЕО) Кина зеде примероци од темната страна на Месечината
Кинеската лунарна сонда Chang’e-6 успешно се симна од површината на Месечината и собра примероци за кои научниците очекуваат дека ќе помогнат да се одговори на клучните прашања за раната еволуција на Сончевиот систем, објави кинеската вселенска агенција.
Тоа е нова фаза во амбициозната вселенска програма на Кина, која сака да испрати човечки екипаж на Месечината до 2030 година.
Chang’e-6, именувана по митската кинеска божица на месечината, беше лансирана на 3 мај од јужната кинеска островска провинција Хаинан, а целосно роботската сонда слета на претходно неистражена локација во огромен ударен кратер наречен Басен на Јужниот Пол – Аиткен на далечната страна на Месечината.
„Модулот на кинеската сонда Chang’e-6 се симна од површината на Месечината во вторникот наутро носејќи примероци собрани на далечната страна на Месечината, што е невиден подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината“, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи ја вселенската агенција.
„Мисијата го издржа тестот на високите температури на темната страна на Месечината. По успешното собирање примероци, кинеското знаме прво беше поставено на далечната страна на Месечината“, објави Ксинхуа.
Stunning footage of the Chang'e 6 Lunar Lander Operating on the Moon.
Just released footage of the spacecraft collecting soil and rock samples from the Moon's far side.Ascent stage has already left the Moon with the collected samples, scheduled to return to Earth on June 25. pic.twitter.com/YyltuB2Yfy
— Toby Li (@tobyliiiiiiiiii) June 4, 2024
Научниците веруваат дека темната страна на Месечината, ретко истражена област наречена затоа што е невидлива од Земјата, а не затоа што никогаш не ги фаќа сончевите зраци, е многу ветувачка за истражување бидејќи нејзините кратери се помалку покриени со стари текови на лава од оние на видливата страна