ВИДЕО: Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза

Француски климатски активисти утринава фрлаија супа врз Мона Лиза, можеби најпознатата слика на Леонардо да Винчи

На снимката објавена на социјалните мрежи две активистки од групата „Riposte alimentaire“, испрскаа супа од конзерва врз стаклото што ја штити сликата.

Двете жени рекоа дека акцијата има за цел да го промовира „правото на здрава и одржлива храна“, извикувајќи: „Нашиот земјоделски систем е болен“.

 

Леонардо да Винчи ја насликал Мона Лиза, помеѓу 1503 и 1519 година додека Леонардо живеел и работел во Фиренца а во Лувр е изложена од 1804 година.

Во мај 2022 година, маж фрли торта врз делото и извика „мислете на планетата!“

Back to top button
Close