Видео: Косовските специјалци извршија упад во Северна Митровица

Kако што јави известувачот на Косово онлајн, полициски службеници биле распоредени низ градот и ја блокирале цела Северна Митровица.

Според извори на кои се повикуваат косовските медиуми директивата што ја добиле полицајците била „да се обезбеди безбедност“.

Според Косово онлајн, припадници на косовската полиција фрлиле и две шок бомби.

Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти.

Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците.

Ситуацијата засега е мирна, а низ градот патролираат и членови на ЕУЛЕКС.

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово е испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово.

Back to top button
Close