(ВИДЕО) Ковачевски на лидерски самит во ЕП: Унијата не смее да дозволи нови блокади, очекувам да се следи напредокот на мојата земја

Унијата не смее да дозволи нови блокади. Очекувам од ЕУ да го следи напредокот на мојата земја и придонесот што го дава и да не дозволува уцени од никого. Ајде да зборуваме за критериумите и нивното исполнување. Затоа што кредибилитетот на ЕУ на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија. Ако се изгуби тој кредибилитет, ЕУ ризикува да го изгуби целиот регион, рече лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во обраќањето на денешниот лидерски самит во Виена организиран од Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент

Back to top button
Close