ВИДЕО: Куче со денови чека неговиот сопственик да биде извлечен од урнатините во Турција

Иако беше извлечено од урнатините предизвикани од земјотресот пред три дена, куче во Турција не сака да се помести додека спасувачите трагаат по неговиот сопственик.

Емотивната сцена е снимена во турскиот град Хатај. Црното верно куче неуморно чека да го види лицето на својот сопственик кој се уште е заробен под урнатините и не се оддалечува од спасувачот.

„Познавам жена под урнатините“, изјави еден случаен минувач за Еуроњуз, објаснувајќи дека нејзиното куче излегло пред три дена, но се уште ја чека.

 

Back to top button
Close