(ВИДЕО) Лимани: Решението за притворот на Бектеши го потпишал и Ислам Абази

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани обвини дека ДУИ го злоупотребува притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за политички цели.

Во емисијата „Дијалог те Лајми“, Лимани рече дека одлуката за притвор ја носи Обвинителството, а не Владата.

Според Лимани, одлуката за одредуваëе на 30-дневен притвор за Бектеш ја потпишал и обвинителот Ислам Абази.

„Албанската опозиција се обидува да го искористи за политички цели случајот со Крешник Бектеши. Одлуките за продолжуваëе на притворот ги носи Обвинителството, а не Владата, врз основа на обвинението. Мислам дека самиот обвинител Абази го има потписот како еден од обвинителите, за на Бектеши да и се определи 30 дневен притвор. Сигурен сум во тоа “, рече Лимани.

Back to top button
Close