ВИДЕО: Македонија на мапата на обложувачката мафија, 55 милиони евра завршиле во земјава

Турската полиција успаси 59 лица во осум града кои биле дел од обложувачка мафија „Тотобо“ чии пипци достигале и до Македонија.

Истрагата на турската полиција и обвинителството траела осум месеци, а весникот „Милијет“ пишува дека членовите на „Тотобо“ своите операции ги вршеле во Турција, Германија и Македонија.

– Како резултат на 8-месечното следење на нашата истанбулска полиција, разбиена е илегалната обложувачка банда наречена „ТОТОБО“. 59 лица, меѓу кои и водачот на бандата, се фатени и изведени пред лицето на правдата. Операцијата продолжува… Благодарност до сите што придонесоа во истрагата – објави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

 

Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда и е утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или околу 55 милиони евра.

Собраните пари биле депонирани на сметките на роднини на водачите на бандата. Трансакциите изнесувале помеѓу 10 и 15.000 евра, а потоа со парите купувале криптовалути кои завршиле во Македонија

Полицијата соопшти дека во акцијата меѓу уапсените е и лидерот на организацијата Озкан, кој е поврзан со курдската работничка партија која Анкара ја смета за терористичка организација, додека налог за апсење е издаден за вкупно 75 лица, кои биле дел од обложувачката мафија.

Истрагата покажала дека дел од парите завршиле за финансирање на терористичка организација, но истата не е завршена и наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Back to top button
Close