(ВИДЕО) Македонката Мери Е Во Украина, Со Својата Мала Ќерка Сака Назад – Возам, Не Знам Дали Ќе Има Доволно Гориво До Граница

Мери Амбросова која живее и работи во Украина е една од неколкуте македонски државјани кои се обидуваат да ја напуштат земјата. Таа објави видео додека со автомобил се упатува кон границата и патува назад во Македонија. Во видеото кое таа го објави вели дека е заедно со својата ќерка Марта и стравува дали ќе успее воопшто да се врати, пренесува ТВ21.

Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 саати и навистина не знам….знаете дека затворени се граници и да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат а дека Марта, ќе и дозволат исто. Сопругот останува тука, се враќа со кола. Се беше блокирано во Киев, сега одвај излеговме на автопат и овде се невидени гужви“, вели Амбросова за ТВ21.

Амбросова опишува дека тешко се стига и до бензин бидејќи сите бегаат и дека воопшто не ни знае дали ќе им стигне до граница, но сепак се надева на најдобро.

Овде и бензински не работат, мислам, работат но има гужва па некои се затворени значи има таква во луѓето паника дека ни за бензин ќе нема ни за ништо. Така што воопшто не ни знаеме дали ќе успееме да пројдеме или не. Но, јас пак се надевам дека се ќе биде во ред и мене ми се понуди што се вика и помош за да излезам“, вели таа.

Со порака се јави и Ѓоко Зајков фудбалски репрезентативец, кој во моментов игра во клуб во Украина. Тој вели дека градот Полтава каде што се наоѓа не била цел на нападите и дека во моментов сите таму се безбедни.

Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани“, рече Зајков.

За состојбата со македонските граѓани во Украина, од Министерството за надворешни работи велат дека се во контакт со сите наши државјани и дека се добри, а воедно се прават и напори за нивно враќање во земјава. Претходно МНР упатуваше и апели до нашите граѓани во Украина што поскоро да ја напуштат земјата.

Back to top button
Close