ВИДЕО: Макрон повторно нападнат со шлаканици

Францускиот претседател Емануел Макрон не е многу популарен во својата земја, а во последните неколку дена доживеа да му удрaт дури две шлаканици. Тој и порано беше мета на неистомисленици, па извесно време не се појавуваше во јавноста.

Првата шлаканица се случи во местото Дромо на југот на Франција каде Макрон дојде во посета. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како претседателот излегува од службениот автомобил и трча кон оградата каде што се собрале малку поголема група луѓе.

 

 

Во моментот кога се обидува да се ракува со луѓето, млад човек со долга коса зад оградата му удира шамар на францускиот претседател. Полицајците го одвлекуваат човекот настрана. Макрон повторно се враќа и се ракува со своите поддржувачи.

Подоцна, на 20 ноември, францускиот претседател беше на дофатот на непозната жена која исто така му удри шлаканица, по што беше повлечена настрана.

 

 

Сепак, можеби полошо од овие две шлаканици за претседателот беше кога лани во септември во Лион тој доби јајце во рамото од граѓанин кој извикуваше „Да живее револуцијата“.  Јајцето потоа падна на бетонот.

 

Back to top button
Close