(Видео) Масовни студентски протести низ Грција по трагичната железничка несреќа кај Лариса

Масовни студентски протести низ Грција по катастрофалната железничка несреќа во Лариса.

Не стивнува бранот гнев и незадоволство кај младите во Грција поради директниот судар на два воза во централниот дел на земјата во кој загинаа повеќе од 50 луѓе.

Студентите и денеска протестираа низ земјава, а се подготвуваат за нови масовни протести на 8 март.

Најголем дел од жртвите во железничката несреќа што се случи во Темпи на 28 февруари се млади луѓе на возраст од дваесет и триесет години.

Back to top button
Close