ВИДЕО: Масовно пукање во Чикаго – убил осум луѓе, па се застрелал

Најмалку осум лица се убиени во две одвоени престрелки во предградие на Чикаго, а за двете е осомничен истиот човек, јавува Си-Ен-Ен.

По масовната полициска хајка, масовниот убиец бил пронајден во близина на градот Наталија, Тексас, каде што се самоубил по пресметката со полицијата. Не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Познато е и името на првата жртва. Станува збор за Тојоси Бакаре, имигрант од Нигерија, а американските медиуми јавуваат дека седумте жртви од новото пукање се во роднинска врска со семејството.

Полицијата почнала да го следи автомобилот на злосторникот (црвена „тојота камри“), а на адресата каде што бил регистриран, ги открила прво телата на две, а потоа уште пет лица.

Мотивот не е познат, само е утврдено дека убиецот ги познавал жртвите, кои се уште не се идентификувани. ФБИ се вклучи во истрагата.

Back to top button
Close