(ВИДЕО) Мицкоски се среќавал со Палчо во неговиот дом – за што разговарале?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски, Палчо, пишува Инфомакс.

За средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало. Меѓу другото и самиот Палевски во неколку наврати на јавни настапи и самиот кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.

Мицкоски на прашање на Инфомакс одби да одговори колку пати се сретнал со Палевски и за што се разговарало на тие средби. И по завршување на пресот и по инсистирање на нашата екипа да одговори на прашањето Мицкоски побегна од камерата на Инфомакс.

Инаку неофицијалните информации говорат дека Палевски и неговата група можно е да имале поинаква цел во своето делување од изнуда на пари од семејеството, затоа што сите информации говорат дека веднаш било ликвидирано без да биде побаран никаков поткуп.

Повеќе на инфомакс мк

Back to top button
Close