(ВИДЕО) Мицкоски за Коха изјавил дека е омаловажување јазик да биде со број, а сега ги плаши граѓаните дека им се спрема „бинационална држава“

Mицкоски во интервју за новинарот Дестан Јонузи во 2020 за Kоха на прашање за евентуално бришење од Уставот на квотата 20 отсто Албански јазик е категоричен дека тоа треба да се избрише од Уставот, притоа нагласувајќи дека и нему му пречат бројки и квоти, односно експлицитно е против такви формулации.

Денес, кога при отварање на преамбулата за да се внесат бугарите и други народи кои живеат во Македонија, албански политички партии го реактуелизираа истото прашање, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го смени ставот и дури обвинува дека комисијата што работи на предлог уставните измени, според негови информации, подготвувала бришење на 20 насто албанци што зборуваат на својот јазик, односно дека СДСМ и ДУИ се договориле државата да ја прават бинационална држава на македонскиот и албанскиот народ. Ова негово тврдење, кое внесува немир кај граѓаните, го демантираа и комисијата и премиерот Ковачески. Сеедно, Мицкоски и неговата партија продолжуваат со оваа манипулација.

 

Back to top button
Close