(Видео) Минчев: Со академија за јавна администрација ќе ги доквалификуваме неквалитетните административци
„Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани. Постојат и други решенија, но можеби е интересно дел од јавната администрација да се намалува по природен пат, врз основа на пензионирање, заминување од јавната администрација. Секако тоа е предмет на дебата“, одговори Минчев, прашан од новинарите дали некомпетентната администрација значи намалување на бројот на административци.
Со формирањето на академијата за обука на административците, вели тој, би значело дека лоцираните проблеми во секоја институција, министерство, каде има недостаток на квалитет и на знаење, би оделе на варијаната на преедукација на истите, односно на распоредување на работни места со цел да ги исполнуваат своите работни задачи врз основа на својот афинитет, образивание и квалитет.
Минчев нагласи дека претходниот извештај на ЕУ нотирал злоупотреби на балансерот кој е укинат од Уставниот суд, па сега со законот за правична застапеност на етничките заедници, не смее да се брза. Најважно е, вели министерот, со новото законско решение да нема злоупотреби.
„Ние кажавме дека оние огласи кои беа почнати со балансерот ќе продолжат и оние кои се без балансер истотака продолжуваат. Додека нема законско решение, огласите продолжуваат врз база на знаење“, рече е Минчев.
Тој нагласи дека репер е знаењето и така треба и да биде