(Видео) Мојсоска до ДПМНЕ: Политички глодари сте вие што на денот на погребот плативте 400.000 евра анкета за мерење рејтинг!
Реплика на пратеничката Јована Мојсоска кон пратеникот од ДПМНЕ – Бојан Стојановски:
„Да Ве известам во моментов родителите на настраданите деца во Кочани се токму пред Собранието и во моментов токму тие бараат ОСТАВКА ОД ТОШКОВСКИ и дека тие воопшто не се задоволни од работата на Министерот, како што Вие сакате да го фалите тука. Можете и да излезете и да сослушате директно што бараат овие родители. Затоа што додека тие протестираа во Кочани ниту еден Ваш пратеник не се одважи да ги ислуша нивните барања, туку бевте по пиар обуки во Гевгелија, затоа што сте окупирани од рејтинг и од параноја за рејтинг.
Политички глодари сте вие што на денот на погребот плативте 400.000 евра анкета за мерење рејтинг. Тоа е лешинарење! Тоа е политичко глодарство ради вашата параноја да не ја изгубите функцијата! А, бидејќи сакате да говорите како Тошковски е лицето на правдата, еве, јас ќе го прашам колегата пошто тој доаѓа од Ѓорче Петров: Дали му е позната фирмата Дон Холдинт? Треба да му е позната. Затоа што во 2020 година ДПМНЕ реагирало дека позната фирма на СДСМ со набавки во Ѓорче Петров добива сомнителни тендери. Истата фирма што порано сте ја обвинувале за корупција сега од Вашиот министер добива 500.000 евра”!