(ВИДЕО) Молотови коктели фрлени врз канцеларијата на премиерот на Албанија – Еди Рама

Опозициските демонстранти со молотови коктели ја нападнаа зградата на премиерот Еди Рама кога лидерот на Демократската партија – Сали Бериша зборуваше на протестот на опозицијата во Тирана.

Нападот на зградата на Владата се случи во првите 5 минути кога Бериша зеде збор на протестот преку видео врска.

Пожарот бил веднаш изгаснат од полициските служби кои беа во подготвеност.

Ситуацијата беше нормализирана за неколку минути.

Back to top button
Close