ВИДЕО: Најнеуспешното бегство од затвор во историјата – Завршија буквално во рацете на полицијата

Титулата за најнеуспешно бегство во историјата ја добија затворениците во Венецуела, кои откако ископале тунели и минале низ затворските ѕидови, налетале на група од 30 полицајци кои вежбале непосредно пред казнено-поправниот дом.

На видеото во кое е снимено неуспешното бегство, се гледа како дел од вкупно 20-те затвореници кои учествувале во него, излегуваат од тунелот и ја сфаќаат својата грешка.

Back to top button
Close