(ВИДЕО) Напаѓачот од Штип ја проби патарината Миладиновци, полицијата пукаше по возилото

Во кафуле во Штип синоќа се случил вооружен напад во кој едно лице е повредено.

 

Според неофицијални информации, напаѓачот по инцидентот избегал со возило марка бмв. Очевидци велат дека тој излегол од кафулето и набрзо заминал во непознат правец.

Возилото било забележано кај патарината Миладиновци, каде што напаѓачот не застанал на „стоп“ знак, ја пробил рампата, и продолжил да вози со голема брзина.

Полицијата реагирала веднаш и отворила оган кон возилото во обид да го запре.

Истото возило, кое очигледно е оштетено и превртено, е пронајдено пред влезот на ТИР-зоната во Миладиновци.

Засега нема информации дали напаѓачот е фатен или се уште е во бегство

Back to top button
Close