ВИДЕО: Наташа Димитриевска поднесе претставка за пристрасност за судијката Елена Јосифовиќ за пресудата за сообраќајката кај Млечен
Поради пристрастно судење на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, сопругата на загинатиот Гоце, Наташа Димитриевска денеска поднесе претставка во Судскиот Совет.
Бара од најмоќното правосудно тело во државата да ја преиспита работата на Јосифовиќ за сообраќајката кај „Млечен“, во која Васил Чорбаџиев, возачот на џипот кој го усмрти Гоце, доби условна казна.
Претседателот на Судскиот совет во телефонски разговор најави дека уште на следната седница која ќе се одржи наредната недела ќе биде разгледана претставката и ќе се формира Комисија за овој случај. Членовите на Судскиот совет денеска не беа на работните места и во просториите се вршеше дезинфекција, бидејќи еден од нив кој присуствувал на последната седница е позитивен на коронавирусот, велат од таму за ТВ24.