(ВИДЕО) Необичен настан – Човек во Чиле бил проголтан од кит, па исплукан
Додека веслале близу Пунта Аренас, Адријан Симанкас и татко му успеале да фатат ретка случка на камера. Всушност, Адријан во една исекунда исчезнал од видикот на таткото.
Во извонредната сцена фатена на камера, огромен кит излегува од морето, ја отвора вилицата и го голта 24-годишникот, заедно со неговиот кајак на надувување.
Симанкас, кој беше неповреден и не бараше никаков медицински третман, изјави за една чилеанска ТВ програма: „Видов нешто сино и бело како минува блиску до моето лице, како од едната страна и одозгора, но не разбрав што се случува. Следната минута потонав. Мислев дека сум изеден“.
Неговиот татко, Дел, 49-годишен анестезиолог роден во Венецуела, кој живее во Чиле, додаде: „Се свртев и не можев да го видам Адријан и тоа беше единствениот вистински момент на паника“.
„Тој исчезна околу три секунди, а потоа беше плукнат и тогаш се смирив бидејќи видов дека е безбеден“.
Инцидентот се случил околу 15 часот по локално време минатата сабота во замрзнатите води на теснецот Магелан долг 350 милји, кои се смета за најважниот природен премин меѓу Атлантскиот и Тихиот океан.
Се смета дека грбавиот кит го помешал Адријан со една од рибите што е дел од неговата нормална исхрана. (Гардијан)