ВИДЕО: Неуспешен лет на првата 3-Д печатена ракета во светот
„Теран 1“, првата 3-Д печатена ракета во светот, полета рано утринава од Вселенскиот во Кејп Канаверал, Флорида, САД, но не успеа да стигне до Земјината Орбита.
Производител е новата приватна компанија „Релативити спејс“ со седиште во Калифорнија. Ракетата во два дела, висока 33,5 метри и широка 2,3 метри „е најголемиот 3-Д печатен објект што постои, којшто се обидел да полета во орбитата“, се вели во соопштението. Отпечатени се 85 отсто од масата на ракетата, вклучувајќи ги и моторите. Следниот чекор е зголемување на тој удел на 95 насто.Во првиот лет, ракетата требаше да стигне во орбитата по осум минути. Ако успееше, калифорниската фирма ќе беше првата приватна вселенска компанија што го сторила тоа при првото лансирање.