(Видео) Ново понижувачко видео на израелската армија: Соблечени Палестинци на фудбалски терен

 

Ново видео покажува Палестинци кои израелската армија ги соблекла и привела во Газа.

Други ослободени затвореници тврдат дека биле злоставувани и малтретирани.

Како што пренесуваат медиумите, на новообјавеното видео, приведените Палестинци се гледаат само во долна облека на фудбалскиот стадион.

Меѓу приведените од различна возраст, од старци до средовечни мажи, има и деца.

Ал Џезира го отфрла објаснувањето на Израел дека затворениците биле соблечени за да се осигура дека никој меѓу нив нема експлозив и повикува на меѓународна реакција.

Back to top button
Close