ВИДЕО) Обраќање до македонската јавност од сестрата на убиената Фатмата кај Гевгелија: Борете се со нас, полицијата лаже за нападот меѓу возачот и полицаецот

Сестрата на убиената 23-годишна мигрантка од Сиера Леоне, Фатмата, фрла поинаква светлина врз настаните кои се случувале на 19 април во близина на Гевгелија, а каде Фатмата загина откако полициски службеник испукал куршум од службениот пиштол.

Полициската верзија на настаните, е спротивна на она кое го тврди семејството водејќи се од сведоштва на присутните останати мигранти, меѓу кои бил и Абу Бакар, сопругот на девојката. Полицијата извести дека откако мигрантите биле забележани во две возила, полицијата се обидела да ги запре, а при тоа едниот од шверцерите, 26 – годишниот К.Ј. физички го нападнал полицаецот обидувајќи се да му го одземе пиштолот.

„Притоа полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите (жена), која веднаш била пренесена до Итната медицинска помош каде починала“, известија од МВР во своето соопштение.

Но, сестрата на Фатмата во видео обраќање до македонската јавност кое го испрати до редакцијата на „Слободен печат“ повикува граѓаните да им се приклучат во барањето на правдата и прашува зошто полицаец пукал во невооружена девојка додавајќи дека немало никаков физички напад врз полицаецот.

Повеќе во видеото:

 

 

 

Back to top button
Close