(ВИДЕО) Осумнаесетмесечни близнаци извлечени од урнатините по 40 часа

Четириесет часа по земјотресот, близнаците Амине и Ахмет Елчин беа извлечени од под урнатините

Осумнаесетмесечни близнаци се спасени од под урнатините на зграда, 40 часа по разорниот земјотрес во Газиантеп.

Спасувачките екипи на терен работат на спасување на луѓето кои останале под урнатините на една петкатна зграда во Газиантеп, Турција.

Четириесет часа по земјотресот, близнаците Амине и Ахмет Елчин беа извлечени од под урнатините.

Извлекувањето го снимија екипите на теренот

Спасувачите извикувале „чудо доаѓа“, а бебето, кое во солзи беше извадено од купиштата бетон, им е предадено на медицинските екипи на земја.

Back to top button
Close