ВИДЕО: Паѓа снег низ Македонија, „Македонијапат“ ги расчистува патиштата

 

„Нови снежни врнежи во новата година… Екипите на Македонијапат се на терен и постојано интервенираат“, вели Костадин Ацевски, директор на „Македнијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.

Видео: Скопје1

Back to top button
Close