(ВИДЕО) Петрушевски: СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која одредени луѓе купувале имоти
Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса што ќе ја чини државата 300 милиони евра. По таа траса непосредно преед да почне проектот одредени луѓе купувале имоти. Очигледно дела врвот на СДС и ДУИ сакал сериозно да профитира од еспропријација и траса со многу тунели. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, посочувајќи деека за случајот е известено и Обвинителството и очекуваат да се поведе постапка.
„Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица“ рече тој.
Според него, државата нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри.
„Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена. Така, загуба за државата нема да има, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт што сакале да инкасираат милиони. Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти што можат да чинат многу помалку“,вели Петрушевки.
Поранешната власт, како што рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, не работеле во насока да направат автопат, туку за да профитираат.