(ВИДЕО) Подметнати пожари околу спомениците – Протестот на земјоделците го блокираше Брисел
- Трактори на плоштадите, пожари околу спомениците и блокиран сообраќај во центарот на градот – ова се сликите кои од утрово пристигнуваат од Брисел каде втор ден по ред се одржува голем протест на земјоделците.
🚜🚧 Fermeture de la place du Luxembourg et des rue adjacentes #Bruxelles.
🚜🚧 Afsluiting van het Luxemburgplein en de omliggende straten #Brussel. https://t.co/qmbAbDcjEV
— PolBru (@zpz_polbru) February 1, 2024
Агенциите јавуваат дека дека пред зградата на парламентот се запалени големи пожари, дека пепел лета на сите страни, а во тој дел од градот се е блокирано.
Според The Times од Брисел, земјоделците на повеќе од 1.000 трактори се собрале во знак на протест, што предизвикало прекин на сообраќајот околу плоштадот Луксембург.
#ixelles Une des sculptures historiques (1871 ) de la place du Luxembourg a été démontée par les agriculteurs et mise au feu. Elle représente un ouvrier sidérurgiste.
D'un point de vue patrimonial, c'est irréparable. D'un point de vue symbolique, c'est à pleurer pic.twitter.com/SWWm0JBqBq— Yves Rouyet (@YvesRouyet) February 1, 2024
Најголем дел од земјоделците се млади Белгијци од југот на земјата, но има и земјоделци од странство, вклучително и Италија.
Во околните улици има масовно полициско присуство.
Во четвртокот наутро, околу 09:00 часот, полицијата констатирала дека се се одвива без проблеми и дека досега немало никакви инциденти.
Но, на самиот плоштад Луксембург, кој се наоѓа пред Европскиот парламент, гореа два големи пожари и беа испразнети колички со измет.
Има информации и за земјоделци кои фрлаат јајца кон главната зграда на парламентот.
Земјоделците почнаа да ги блокираат автопатите во неделата и продолжија да го попречуваат сообраќајот на клучните белгиски патишта во понеделник, вторник и среда.
Протести беа одржани и во пристаништето Антверпен, што резултираше со блокирани премини, спречувајќи ги бродовите да продолжат