(Видео) Полициска акција во ГТЦ: Нелегално приклучиле машини за копање криптовалути?
Во моментов во магацините на Градскиот трговски центар во тек е полициска акција на МВР. Според првичните неофицијални информации, станува збор за нелегален приклучок на струја.
Првичните информации се дека во магацинот имало приклучено десетини машини за копање на криптовалути, но на стру ја биле приклучени нелегално.
Се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.