(ВИДЕО) PortalX: Тримесечно бебе било жртва на физичко насилство од страна на медицинска сестра

Тримесечно бебе било жртва на физичко насилство од страна на медицинска сестра вработeна во Универзитетската клиника за детски болести, пренесува Порталикс.

 

Во разговор со порталот дедото на бебето раскажа дека бебето било донесено во болницата од страна на неговиот син (татко на бебето). По прегледот забележале дека детето на телото има траги од насилство.

Директорот на одделот каде што бебето престојувало потврдил дека на телото на детето има забележливи траги од физичко насилство и дека тој и директорот ќе го решат случајот интерно и ќе пуштат предупредување.

Семејството настанот го пријавило во полиција.

 

Back to top button
Close