(ВИДЕО) Повеќемина убиени во вооружен напад на црква во Хамбург

Неколку лица се убиени и ранети во вооружен напад што доцна синоќа се случи во црква во северниот германски град Хамбург, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на локални медиуми.

Засега нема прецизни информации за точниот број на убиени. Според некои локални медиуми, во нападот животите ги загубиле најмалку шест лица, но засега нема официјална потврда на овие наводи.

Хамбуршки „Моргенпост“ јавува дека во пукањето наводно седум лица се тешко повредени, а 17 полесно.

Градските власти соопштија дека пукањето се случило во црквата Грос Борстел во Хамбург и ги предупредиле граѓаните да ја избегнуваат областа.

Според локалните медиуми, црквата им припаѓа на Јеховините сведоци

Back to top button
Close