ВИДЕО: Пожарот кај Богородица опасност за казиното Фламинго и една бензинска пумпа. Побарана помош од Грција

Во пламен борова шума во близина на граничниот премин Богородица, состојбата е критична.

Опожарен е дел од караулата, се слушнале и неколку пукотници во нејзина близина. Силниот ветер го шири огнот. Во ризик е казиното Фламинго и една бензиска пумпа. Во гаснењето на пожарот помагаат и противпожарни епики од Неготино, Кавадарци и Демир Капија. Состојбата е критична, сите екипи се на терен, се прават напори огнот да не стаса до загрозените објекти.  Локалните власти побарале помош и од соседна Грција, потврдил за Телма, градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков

Back to top button
Close