(ВИДЕО) Пожарот кај Пехчево се шири кон Берово, градоначалникот бара помош од населениет

Пожарот кај Пехчево е активен и сериозен, а жителите апелираат за помош споделувајќи видеа и фотографии од пламените јазици за кои стравуваат дека може да се пришират на уште поголема површина.

Од територијата на Општина Пехчево огнот се шири кон Берово, а беровскиот гадоначалник, Звонко Пекевски, алармираше за ситуацијата и побара од населението да се вклучи масовно во гаснењето.

„Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села . Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот! – повика Пекевски на социјалните мрежи.

 

Back to top button
Close