(ВИДЕО) Пожарот во Хрватска уништи 20 куќи и над 3.000 хектари

Големиот пожар што избувна меѓу Водице и Шибеник е опколен од сите страни и повеќе не се шири.

– Ситуацијата во Раслина и Затон е под контрола. Од утрово тројца пожарникари го гаснат пожарот во западниот дел на областа Окит – изјави утринава командирот на противпожарната единица Славко Туцаковиќ за Н1 Загреб.

Во пожарот изгореа дваесетина куќи – 10 во Раслина и 10 во Затон. Затворени се неколку околни патишта.

На терен синоќа имаше околу 350 пожарникари, припадници на армијата, полицијата и граѓани. Еден пожарникар е полесно повреден.

Back to top button
Close