Видео: Познатиот уметник Златко Крстевски живее во ужасно тешки услови, нема поддршка од државата

Крстевски е еден од најрепрезентативните прилепски уметници, со 30 самостојни изложби во Македонија и странство и учество на над 700 меѓународни групни изложби

Познатиот ликовен уметник од Прилеп, Златко Крстевски, последниве седум месеци живее без струја бидејќи не може да го плати долгот од 12.000 денари. Студот и зимата ги поминува седејќи дома облечен со капи и јакни, покриен со ќебиња, пренесуваат од  „Инфо компас“.

Тие дополнуваат дека во домот дел од прозорците немаат стакла, а тој нема пари да ги смени. Често се случува и со денови да нема за јадење. Социјалниот додаток од 5 000 денари е далеку од доволен за уметникот да ги покрие трошоците.

„За жал, кај нас нема никакви хуманитарни организации, треба да напишеш некое писмо или да ги искритикуваш тие во Скопје, да ургираш, па овде некој да ти даде“, вели Крстевски.

Тој е мултидисциплинарен уметник со придонеси во сликарството, современиот цртеж, сатирата, карикатурата, поштенската уметност и стриповите. Вели дека се случува да мора да црта на свеќа, ако има итна порачка за да заработи денар за да преживее.

Тој ја повикува државата, општествено одговорните, јавни или приватни претпријатија и компании преку ангажирање на уметниците и откуп на нивните дела да ја помогнат уметноста кај нас.

Повеќе информации на видеото:

Back to top button
Close