(ВИДЕО) Пратеници се приклонуваат кон ВМРО-ДПМНЕ и ќе има 61 пратеник без потенцијалните коалициони партнери, кажа Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека ги завршуваат разговорите со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, па додаде: „Можам да кажам дека во моментов успешно консолидиравме 61 пратеник“.

Прашан од каде се тие пратеници, кажа дека не може да ги каже деталите.

„Имајќи впредвид дека состојбата е чувствителна, не можам да ги кажам деталите. Ќе ги дознаете денеска. Покрај 58 пратеници кои ги има самата колаиција, а ја чекаме одлуката Управниот суд за изборната еднициа 5 и 6, можам да кажам дека имаме консолидирано 61 пратеник. Тоа нема да не повлече од идните потенцијални коалициони партнери“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема за запрат ниту преговорите со другите партии за уште поголемо владејачко мнозинство.

Видео: Скопје 1

Back to top button
Close