ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“: Динамична недела, со апсења

Во осмото издание на поткастот „Политиканти“ фокусот е на апсењата за случајот со Онкологија и големата полициска акција против криминалниот нарко клан од Грчец.

Дали апсењата на членовите на кланот од Грчец ќе беа реализирани без странска помош, како се градеше мафијашката структура, како дрогата транзитира низ државата и како американската ДЕА и Интерпол ги следат криминалните организации дискутираат Сашо Орданоски и Борјан Јовановски.

Останува на обвинителството и судовите да ги процесуираат овие два големи случаи кои ги реализираше деновиве полицијата и колку понатаму ќе се прошири истрагата.

Орданоски и Јовановски се осврнуваат и на анкетите кои бележат раст на поддршката на граѓаните за ЕУ, но опстојувањето на европскиот пат ќе зависи од исходот на парламентарните избори на 8 мај. Граѓаните главно се загрижени за корупцијата и организираниот криминал кој поминува неказнето.

Следете „Политиканти“ на „Слободен печат“, ова се само дел од содржините во вечерашната премиера:

Back to top button
Close