ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“: Институции, криво насадени – одговорните со капа накриво

Во новото издание на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ гледајте анализа за патот Кичево-Охрид, милијарди причини на одговорност но одговорност нема.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски дебатираат  за новите лични документи, прашање кое ги засега сите, а речиси никому не му е јасно што сè е потребно да се спроведе процедурата и да се извадат нови пасош, лична карта, возачка дозвола, сообраќајна дозвола со новото име на државата Република Северна Македонија согласно Преспанскиот договор кој стапува на сила на 12 февруари.

Во видео анализата стана збор и за Трамп колку е криво насаден и тој: Не може само САД да го финансираат НАТО, Скандинавците и Балтикот во паника

Во општиот хаос од војни со кој се соочува светот, шокантна беше изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека би ја охрабрил Русија да нападне земја членка на НАТО која не си ги исполнува финансиските и другите обврски кон Алијансата.

Која е големата грешка на Путин која скапо ќе го чини? Војната на Русија против Украина ѝ ги отвори очите на Европа, која по Втората светска војна не размислуваше за безбедноста покриена под чадорот на НАТО. Малку е веројатно дека Русија би се охрабрила да војува директно со НАТО затоа што и покрај тоа што има во моментов воена економија, ја нема таа моќ ни физички ни во командна смисла.

Сашо Ордановски во Политиканти објаснува дека Европа допрва почнува да размислува за формирање на цивилна армија во смисла на воведување воен рок, нешто што постоело во некогашна Југославија, а од друга страна почнува да ја покренува и својата воена економија. Податоците покажуваат дека досега во обем на воена помош Европа многукратно повеќе ѝ помогнала на Украина одошто САД.

Следете „Политиканти“ на „Слободен печат“:

 

Back to top button
Close