ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, камо изборите да беа минатиот викенд: Партиите нема што ново да кажат

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори, која е толку бесмислена што ако не е човек новинар би немало причина зошто да ја следи, а сите други би биле пресреќи ако изборите беа минатиот викенд.

Додека кандидатите за идни функции се препукуваат, деновиве излезе извештајот на поранешниот италијански премиер Енрико Лета во кој тој констатира дека ништо не е исто во светот по инвазијата на Русија врз Украина ниту пак ќе биде. Но, во извештајот недвосмислено стои дека проширување на ЕУ ќе има и врз основа на тој факт Лета ги прави сите проценки за иднината на меѓународните односи и економијата на Унијата. Како и дали тука се вклопува Западен Балкан?

Македонија е земја што не произведува ништо. Има доволно само свинско месо, но храната за свињите е увезена. Оттука, ние не можеме да се прехраниме без помош однадвор, особено од ЕУ. А, на монополите во големите индустрии не им одговара Македонија да влезе во ЕУ. ЕУ не им одговара ни на производителите што произведуваат евтини и неквалитетни производи за балканскиот пазар. Што ќе значи за македонскиот граѓанин влегувањето на земјата во ЕУ од економски аспект?

Аналитички за овие работи и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски, заедно со целиот тим на „Политиканти.мк“, изразуваат искрено сочувство до семејството и пријателите, на нашиот ненадејно и прерано починат реализатор Антон Андов.

 

 

Back to top button
Close