(ВИДЕО) Пристигнуваат првите снимки од ослободениот Херсон: Украинците слават!

Жителите на Херсон се возат низ градот со автомобили на кои веат украински знамиња и свират откако беше потврдено дека украинската војска влегла во Херсон

Снимки на кои се гледаат луѓе со украински знамиња доаѓаат од денеска ослободениот руски град Херсон.

Жителите на Херсон се возат низ градот со автомобили на кои веат украински знамиња и свират откако беше потврдено дека украинската војска влегла во Херсон.

На овој начин им ставија до знаење на сите дека Херсон е ослободен по окупацијата која траеше подолго од осум месеци.

На снимките се гледаат и украински војници кои го закачуваат националното знаме на зградата на Генералниот директорат на Националната полиција во Херсон.

 

Back to top button
Close