(Видео) Приведен па ослободен активист на ВМРО ДПМНЕ на протестите
Демонстрантите велат дека приведеното лице снимало со мобилен телефон и дека тоа е причината за приведувањето, но од полицијата велат дека лицето се однесувало агресивно.
За време на денешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ приведено е едно лице, по што група демонстранти ѝ дадоа отпор на полицијата и бараа негово ослободување.
Демонстрантите велат дека приведеното лице снимало со мобилен телефон и дека тоа е причината за приведувањето, но од полицијата велат дека лицето се однесувало агресивно.
„Едно лице е лишено од слобода поради омаловажување службено лице и агресивно однесување, како и непочитување наредба од полициски службеник“, велат од МВР.
Од мвр за инцидентот велат дека лицето е приведено откако омаловажувал и агресивно се однесувал кон службено лице и не почитувал службена наредба