Видео: Протест во Митровица на „Мајките од Косово против гетото на Курти“

Во Северна Митровица се одржа протест под мотото „Мајките од Косово против гетото на Курти“, каде се собраа повеќе од 5.000 жени, објави Kosovo online.

Голем број жени од 15 часот ја започнаа женската протестна маршута, а судејќи според пораките, учесничките укажуваа на нехумано однесување на Приштина и Албин Курти кон Србите.

Меѓу другото, жените ги носеа следниве пароли.
„Сакам да го подготвам син ми за свадба“,„Доста ни е од ропство под Курти“, „Светци, не затворајте очи пред теророт на Курти“, „До кога ќе трпиме насилство врз нашите деца?“, „Зошто на српските деца им се ускратува безгрижното детство?“, „Не сакам моите деца да живеат во страв од суровоста на Курти„Не сакам друга држава, ја сакам својата Србија!

Back to top button
Close