(ВИДЕО) Пукање во тетовската болница – Ранети се две лица, полицијата трага по петмината напаѓачи

МВР објави детали за пукањето пред болницата во Тетово. Се трага по пет лица. двајца се повредени, од кои едниот со тешки повреди.

Денеска околу 18 часот и 05 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Back to top button
Close