(ВИДЕО) Путин: Изјавата на Бајден дека сум „кучкин син“ покажува зошто Кремљ верува дека за Русија, тој би бил подобар американски претседател од Трамп
Се огласи Кремљ по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател.
🇷🇺 Vladimir Putin responded to Biden, who called him a “crazy son of a bitch”.
“For us, for Russia, Biden is more advantageous, and judging by what he said, I am absolutely right” – Putin pic.twitter.com/JBmM3ktVWL— Peacemaker (@peacemaket71) February 22, 2024
Путин изјави дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија, Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Но, тој коментираше дека изјавата на Бајден е груба.
„Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател за Русија, и судејќи според она што тој штотуку го кажа, јас сум апсолутно во право“ рече тој.
Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден“, рече саркастично Путин на државната телевизија.
Кремљ претходно соопшти дека Бајден ги понижил САД нарекувајќи го Путин „луд кучкин син“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат со неговиот син Хантер Бајден.