ВИДЕО: Рефлектор за малку ќе паднеше врз Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, по што даде изјава за време на која за малку беше избегната незгода.

Имено, додека тој даваше изјава за медиумите, зад него падна рефлектор, а звукот од ударот го прекина неговиот говор.

„За малку ќе ме удреше“, прокоментира Вучиќ и тврди дека не се ни помрднал. Потоа се насмеа и праша дали некој можеби се пошегува со него.

Back to top button
Close