(ВИДЕО) Се извини човекот кој повикуваше на Џихад

Човекот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, денеска се извини за искажаното, пишува Батали.нет.

Говорникот чие име е Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.

Benan Macev 发布于 2020年6月1日周一

„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи.

Back to top button
Close