(ВИДЕО ) Се судрија два авиона на аеромитинг, еден од пилотите загина – тешка несреќа во Португалија

Најмалку едно лице загина во судир на два авиони за време на изведба на воздушна фигура на португалскиот аеромитинг  „Беја аер шоу“.

Управата за цивилна заштита констатирала смрт на едно лице, а најмалку едно лице е повредено во оваа несреќа.

Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.

 

Како што можете да видите на видеото, несреќата се случила кога еден од авионите во шестчлената екипа со крилото удрил во друг авион, по што се урнал и сето тоа се случило пред шокираните гледачи.

Аеромитингот „Беја“ беше веднаш откажан по падот, а властите работат на собирање повеќе информации за инцидентот.

Back to top button
Close