(ВИДЕО) Се заглави славниот Тауербриџ во Лондон, колапс во сообраќајот

– Делови од  „Тауербриџ“ во Лондон, што се креваат и спуштаат за бодови да можат да минат по Темза, вчера не успеаја да се спуштат откако под мостот мина еден брод

Проблемот траеше повеќе од еден час, што предизвика хаос во сообраќајот во Лондон. На објавени фотографии на социјалните мрежи можеше да се видат редови на моторциклисти и пешаци од двете страни на мостот, пренесува Би-Би-Си.

Лондонската полиција соопшти дека инженерите веднаш почнале со санација на проблемот и мостот повторно бил отворен за пешаци, а властите ги замолиле мотоциклистите да најдат друг начин за движење.

Back to top button
Close